АВТОМАТИЗИРАН ХОСПИТАЛЕН ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ

Asset 3@1.5x

ИНТЕЛИГЕНТЕН ЛАБОРАТОРИСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ ЗА АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИСКИТЕ ПРОЦЕСИ

Централизирано софтверско решение кое што ги опфаќа сите процеси на работа на една модерна биохемиска и/ или микробиолошка  и/ или патолошка трансфузиолошка лабораторија и/ илидруги типови на лаборатории во зависност од барањата.  Решението е развиено во согласност со стандардните процеси во рамки на денешните лаборатории и ги опфаќа секојдневните операции на сите корисници на ова решение. Решението се фокусира на квалитетно и квантитетно баркодирано обработување и процесирање на лабораториски приеми каде што е зголемена продуктивноста и ефикасноста  на сите корисници од сите департмани во една лабораториска организација. 

ПРЕДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ

Централизираност

Архитектурата на софтверското решение овозможува централно менаџирање и контрола на сите филијали на лабораториската организација, независно од нивната физичка локација.

Автоматизираност

Софтверот моментално е интегриран за работа со поголем број на машини и инструменти кои тековно се користат во лабораториите. Исто така, е интегриран да функционира на различни физички локации во рамки на една приватна ЛАН мрежа.

Целосна контрола

Софтверот води комплетна евиденција на сите операции и настани во процесите во системот по единствениот идентификатор, бројот на приемот кој е баркодиран на сите компоненти во системот (лабораториски инвентар, документи, машини и инструменти).

Продуктивност

Софтверот нуди можности за автоматско работење на сите машини и инструменти коишто можат да се поврзат во ЛИС, со што овозможува лаборантите и докторите да се фокусираат на точноста и релевенатноста на резулатите.

Скалабилност

Архитектурата на софтверското решение и стекот на технологии овозможува едноставна надградба и имплементација на нови барања, модули или интеграција на нови машини и инструменти.

Ефикасност

Софтверот го намалува времето на обработка на еден прием, го зголемува бројот на дневно обработени, ги елиминра мануелно непотребните операции при користење на машините и инструментите, односно го забрзува процесот од приемот до резултатот.

КОРИСНИЦИ НА СИСТЕМОТ

 Целото решение води кон комплетна хронолошка евиденција на сите корисници во процесирањето на еден прием и го следи процесот на секој прием по следниов распоред:

  • Кој корисник, кога и каде го направил приемот на пациентот 
  • Кој корисник, кога и каде ги земал примероците за анализа од пациентот
  • Кој корисник кога и каде ја направил секоја анализа поединечно (може да е човек или инструмент/машина која што ја извршила анализата)
  • Кој корисник, кога и каде ја одобрил секоја анализа поединечно (корисник одговорен и со пермисии да ја изврши оваа операција)
  • Кој корисник кога и каде го одобрил и валидирал целиот прием (сите анализи во рамки на еден прием). Истиот корисник го реализира резултатот на сервисот МојТермин (ако има можност)
  • Кој корисник кога и каде го издал/испечатил резултатот (копија од резултатот)
  • Кој корисник,  кога и каде го преземал (доктор-соработник и/или пациент)
Asset 14@1.5x

ТИПОВИ НА ЛАБОРАТОРИИ

Патологија
Патологија
Микробиологија
Микробиологија
Хематологија
Хематологија
Трансфузиологија
Трансфузиологија
Биохемија
Биохемија
Друг тип на лаборатории
Друг тип на лабораториja

МОДУЛИ НА АЛИС

  • Менаџирање на пациенти и приеми
  • Менаџирање на доктори- соработници
  • Менаџирање на здравствени установи/коминтенти/одделение
  • Менаџирање на биохемиски анализи
  • Менаџирање на трансфузиолошки анализи
  • Менаџирање на микробиолошки анализи
  • Менаџирање на хематолошки анализи
  • Менаџирање на патолошки анализи
  • Менаџирање на напредни извештаи
  • Менаџирање на потрошен материјал
  • Менаџирање на "THIRD-PARTY" софтверски
    решенија
  • Менаџирање на документи
  • Менаџирање на резултати
  • Менаџирање на филијали
  • Менаџирање на машини и инструменти
  • Менаџирање на корисници и кориснички уреди

* Менаџирањето на бизнис ентитетите во сите модули на решението ги овозможува следниве операции: креирање, ажурирање, менување и бришење на сите податоци кои соодветно се креираат при работата на лабораториската организација. Сите податоци се достапни за понатамошна обработка, анализа, архивирање и користење.

ТЕХНОЛОГИИ, ХАРДВЕР, ЛИЦЕНЦИ

Решението се базира на Microsoft технологии и за успешна имплементација се потребни компонентите наведени подолу:

Лиценци

  • Windows Server 2016 (или понова верзија)
  • SQL Server 2016, Standard Edition (или понова верзија)
  • CAL лиценци за Windows Server (за соодветен број на корисници)
  • CAL лиценци за SQL Server (за соодветен број на корисници)

Хардвер

  • VPN мрежна инфраструктура
  • Серверски машини
  • Работни станици
  • Баркод печатачи и скенери

*Забелешка:  Доколку Ви недостигаат дел од наведените софтверски лиценци или хардверски компоненти можеме да направиме соодветна набавка, инсталација и поставување во просториите на Вашата организација.

КОМЕРЦИЈАЛЕН ДЕЛ / ЛИЦЕНЦИ

#1 Perpetual license (продукциска лиценца) по тип на лабораторија и по филијала/ локација

Овој начин/модел на наплата е погоден за поголеми лабораториски организации и/или болници, приватни или јавни каде што бројот на приеми на дневно ниво е поголем. Софтверското решение поддржува повеќе типови на лаборатории: Биохемиска, Микробиолошка, Патолошка, Трансфузиолошка, Хематолошка, и други наменски (custom) типови на лаборатории по барање.  Цената се пресметува еднократно по тип на лабораторија и по бројот на локациите односно филијалите на лабораториската организација. Една организација може да има повеќе филијали и може да има потреба од повеќе типови на лаборатории, на сите или на поединечи филијали.

 

#2 Pay-As-You-Go лиценца

Овој модел на наплата на лиценцата се базира на бројот на приеми на месечно ниво. Во овој модул имате еднократна цена за инсталација на системот и обука за користење. Во овој случај не добивате продукциска лиценца (трајна) туку добивате софтвер како сервис (SaaS) лиценца која важи додека трае договорот за користење на софтверот. Ова решение е cloud- based односно нема потреба од поставување на серверска машина и Microsoft лиценци во просториите на организацијата.

 

#3 Месечно одржување на системот

Оваа услуга е задолжителна и потребна и за првиот и за вториот тип на лиценца. Месечната цена за одржувањето зависи од бројот на корисници во системот и бројот на локации/ филијали скои се вклучени, бројот на работни станици за користење каде се логираат луѓето, бројот на машини и/или апарати се псотавени во системот, и бројот на мобилни уреди се поставени во системот.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ